Американскиот претседател Доналд Трамп преку својот пратеник Стив Виткоф во Париз го претстави планот за ставање крај на војната во Украина, кој беше отфрлен од украинските власти.
Според официјални лица од администрацијата на Трамп, како што пишува Аксиос, овој план би ги исполнил речиси сите барања што Русија ги постави од почетокот на нејзината инвазија во февруари 2022 година.
Така Крим и формално би станал дел од Русија, што според американските медиуми е главната причина за отфрлањето на планот од Украина.
Меѓутоа, додека Крим формално би станал дел од Русија, американскиот план предвидува и „де-факто“ признавање на руската контрола врз источниот дел на Украина.
Со овој план Русија би добила и гаранција дека Украина нема да биде дел од НАТО, укинување на сеопфатните санкции и посилна соработка со Америка во контекст на енергетиката и индустријата.
Што се однесува до украинската страна, тие би добиле „обемни безбедносни гаранции“ во кои би била вклучена група мировници од „подготвени“ земји ширум светот, но пред сè од Европа.