“КАКО КУРШУМ ДА МЕ ПОГОДИ!“ – Потресната исповед на позната Србинка: “Поминав ноќ со убиецот од Младеновац само три дена пред масакарот!“
Српската ријалити-ѕвезда, Софија Уна Маниќ, за весникот Kurir.rs изјавила дека поминала ноќ со 21-годишниот монструм кој уби девет лица и рани 13 во српските села во областа на Младеновац само три дена пред масакрот што ја потресе Србија.
Софија Уна Маниќ кажала дека се дружела со убиецот и дека со нив имало уште некои познати лица.
„Три дена пред масакрот бев во У.Б. и бев во целосен шок поради се што се случи, таа вечер не можев да се смирам“, изјавила ријалити-ѕвездата и додала: „Површно го познавам момчето, го сретнав вечерта, беше многу мирен и тивок, не пиеше ни алкохол, цела ноќ пиеше вода“.
„Нешто ми испадна од автомобилот и тој помина половина час обидувајќи се да ми помогне да го најдам, но никогаш не ми падна на памет дека може да направи такво нешто. Кога видов што се случи, како куршум да ме погоди“, заклучила таа.