Ливерпул вчера го обезбеди трансферот на офанзивниот играч за врска на Лајпциг Доминик Собошлаи со активирање на неговата откупна клаузула во висина од 70 милиони евра, а англискиот портал Goal го анализираше ова купување на клубот од Енфилд.
Унгарецот кој има 22 години пристигна на лекарски прегледи во Ливерпул и ова се смета за уште еден голем чекор за црвените кон борбата за трофеи.
„Беше апсолутно јасно дека Ливерпул треба да го обнови целиот среден ред, а сега е на добар пат да го сторат токму тоа. само ќе се подобри во наредните години“, пишува Goal .
Собошлаи не беше евтин, а Ливерпул веќе беше изгорен и претходно кога трошеа големи пари за играчот од средниот ред на Лајпциг, Наби Кеита.
„Меѓутоа, на Мерсисајд добија играч кој може да додава, дрибла и шутира и може да трча цел ден. Теоретски, Собошлаи треба да се покаже како совршен играч за технички и физички тешкиот фудбал на Јирген Клоп. Неверојатна можност да се развие во офанзивен играч за врска од светска класа. Има голем притисок на „Енфилд“ и високата компензација може да го оптоварува неговиот грб“, се додава.
Потсетија и дека секогаш кога Унгарецот требаше да направи чекор напред, тоа го правеше релативно лесно со импресивна присебност.
„Поранешниот тренер на Салцбург, Џеси Марш секогаш велеше дека Собошлаи е талентиран како Ерлинг Халанд. Сега ќе дознаеме дали бил во право“, се заклучува во текстот.