Како мафијашки бос! Моника Белучи ги засени сите со својот изглед – дојде на фестивалот и покажа зошто е најбрутална жена (ФОТО)

Големата филмска ѕвезда Моника Белучи е фотографирана во Солун, на црвениот тепих пред големиот филмски фестивал во Солун.

Белучи , која беше наградена со наградата ,,Златен Александар“ од 64. Меѓународен филмски фестивал во Солун за нејзиниот севкупен придонес во кинематографијата, е во градот од средата попладне, а нејзините обожаватели брзаат да се сликаат со неа каде и да ја видат.

Непосредно пред проекцијата, Моника Белучи го зеде микрофонот и тивко изјави дека е вподушевена, нагласувајќи дека ,,Грција е длабоко во нејзиното срце“.

Притоа вниманието го привлече со стилот, избра едноставен и елегантен изглед облечена во широки црни панталони кои ги искомбинира со црно есенско палто и црна проѕирна кошула.

Моника е позната по својот совршен стил, а многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот. И покрај тоа што е многу згодна и привлечна, Моника најчесто избира многу скромен изглед, без многу да открива и да ја истакнува својата сексипилност во преден план.

Нејзиниот избор на облека и’ обезбедо елегантен изглед, со кој, сите ги остави без зборови.