Како Мило го направи Брано Миќуновиќ мафијашки дон! Приватна клиника, матни зделки и мрежа низ целиот регион – Хиерархијата секогаш била јасна!

Бранислав Брано Миќуновиќ од Никшиќ, кој почина во петокот, беше една од најконтроверзните личности во регионот.

Инаку, станува збор за познат бизнисмен кој се поврзуваше и со  Мило Ѓукановиќ.

Сепак, хиерархијата отсекогаш била јасна кога станува збор за Мило и дон Брано: првиот е шефот, вториот е спроведувач на кој му е дозволено да плете паралелна мрежа низ целиот регион.

Имено, откако нивните патишта се вкрстиле, во доцните осумдесетти години, Брано и Мило воспоставиле деловно-пријателски односи, кои понекогаш биле турбулентни, но секогаш врзани со заеднички интереси. Меѓутоа, како што се испоставува, на Миќуновиќ не му било непознато да уфрли одредени женски лица во околината на Ѓукановиќ, кои подоцна станале негови инсајдери.

Во досието за Брано Миќуновиќ, кое со децении се составуваше во безбедносните структури во Подгорица, безброј пати се споменува името на Мило Ѓукановиќ. 

Тајната на клиниката „Кодра“ каде почина мајката на Мило – Стана

По парламентарните избори во Црна Гора, Брано Миќуновиќ, како што стои во неговото досие, стапил во деловни односи со Фондот за здравствено осигурување на Црна Гора преку приватната здравствена амбуланта „Кодра“ (Кодра), иако со неа раководат други лица. Оперативци на црногорската служба посочуваат дека постојат сомнежи дека оваа соработка е на штета на фондот, но оти, засега, нема потврда за тоа.

Посебно е интересно што станува збор за клиниката во која црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ се лекувал од коронавирусот пред да биде префрлен во странство, каде што закрепнал, а во таа установа од КОВИД-19 починала и неговата мајка Стана.

За почеток, цитираме дел од извештајот на црногорската служба за тоа дека Миќуновиќ бил соработник на поранешната сојузна служба за државна безбедност на СФРЈ.

–  Според оскудните податоци од архивата, него на линија го држеле шефовите на СДБ на Црна Гора, меѓу кои биле Младен Шкобаља, Владо Кековиќ и Бошко Бојовиќ. Наводно, Миќуновиќ бил искористен за извршување на деликатни задачи во земјата и странство, но конкретни податоци за тоа не се пронајдени – се наведува во извештајот.

Исто така, се додава дека Брано преку блиските односи со Тихо Миловиќ, поранешен шеф на безбедносниот центар на МУП на Црна Гора во Никшиќ, извршил големо влијание врз раководството на црногорските безбедносни структури. Интересна е и реченицата во која се наведува дека има сознанија дека поранешниот министер за полиција на Црна Гора Вукашин Мараш, во времето кога бил на таа функција, при донесување на одредени одлуки од негова надлежност, претходно се консултирал со Миќуновиќ.

Оперативните податоци, како што се наведува во извештајот, укажуваат дека Миќуновиќ, под заштита на Мило Ѓукановиќ и неговиот брат Ацо Ѓукановиќ, заедно со уште еден тесен круг луѓе лојални на Мило, обезбедиле контрола врз сите важни економски активности и финансиски текови на територијата на Црна Гора.

– Нема бизнис од кој не заработуваат процент од профитот или преку него не ги вложуваат своите средства – пишува во документот во кој се наведени различни имиња на бизнисмени кои учествуваат во него (Франц Хилмија од Бијело Поље, Недељко Јеремиќ од истиот град, браќата Леон и Виктор Дрешај, кој претежно живее во Белград, Срѓан Поповиќ, косопственик на фирмата за обезбедување ФТО…).