„КАКО НЕКОЈ ДА НАПРАВИЛ ДУПКИ НА НЕБОТО! Што сними НАСА? Се гледаат и од Земјата и од вселената (ФОТО)

Претходно оваа година, додека сателитот Тера на НАСА минуваше над Мексиканскиот залив, еден од неговите инструменти сними фотографија од облак со необичен изглед.

Изгледаа како некој да направил дупка на небото.

Иако необичен, овој феномен не е непознат, пишува Business Insider. Истражувачите го документираат тоа од 1940-тите, вели НАСА . Но, дури пред 15 години научниците конечно најдоа објаснување.

Тие официјално се нарекуваат „шупливи облаци“ (cavum clouds) и се толку големи што можат да се видат и од земја и од вселената. Тоа е голема празнина, обично кружна или елипсовидна форма, која може да се појави во цирокумулус или алтокумулус облаци. Дупките се предизвикани од оладената вода во облаците која наеднаш испарува или замрзнува, а може да настанат и од авиони кои поминуваат. Тие се формираат кога авионите летаат низ средниот слој на алтокумулус облаци, составен од изладени капки, според студиите од 2010 и 2011 година.

Поради нивната ретка и невообичаена појава, „шупливите облаци“ понекогаш погрешно се сметаат за неидентификувани летечки објекти.

Научниците од истражувачкиот центар Ленгли на НАСА во 2010 година открија дека колку е поплиток аголот на авионот за да помине низ облаците, толку е поголема шуплината што ја остава зад себе. Анализата покажа дека секој тип на авион може да произведе „шупливи облаци“.

Да не беше човечката технологија, такви облаци никогаш немаше да постојат.

Сателитот Тера снимил група „шупливи облаци“ во близина на западниот брег на Флорида на 30 јануари. Повеќе од 1.000 летови дневно од меѓународниот аеродром во Мајами се главен придонесувач за феноменот, според НАСА.

Тера е дизајнирана да ги проучува промените во атмосферата на Земјата и ефектите од климатските промени. Истражувачите користат сателитски податоци за да го мапираат влијанието на човечките активности и природните катастрофи.