СЕ ПОЧНА кога не можеше да најде добро кафе во цел Лос Анџелес.
Познатата колумбиска актерка Софија Вергара неодамна ги израдува своите фанови со одлична вест, но и со фотографија. Таа на својот Инстаграм профил го најави лансирањето на сопствен бренд за кафе наречен „Dios Mio Coffee“, користејќи провокативна фотографија од минатото на која позира целосно гола, покриена со зрна кафе.
Новиот бренд за кафе ги почестува и слави латино жените, особено оние кои се занимаваат со одгледување кафе. На профилот на Инстаграм на брендот пишува: „Кафето сонувано од Софија Вергара како почит од латино жените за светот“. Овој проект има за цел да произведе автентични колумбиски зрна кафе со највисок квалитет.
Наскоро и вие ќе кажете Dios Mio (Мили Боже) – напишала Софија во описот на фотографијата која дополнително ги заинтригирала нејзините следбеници.
Таа планираше брендот на кафе да го именува „Dios mio“, што во превод од шпански значи „боже мој“, а Вергара истакнува дека тоа е израз што се користи во Латинска Америка кога ќе се открие „совршен вкус“.
- Создавањето на брендот „Диос мио“ дојде од чиста потреба. Не можев да најдам совршено кафе. Имам многу големи очекувања кога станува збор за кафето и не можев да поверувам колку е тешко да се најде квалитетно кафе во Лос Анџелес, каде што живеам – објаснила Вергара во интервју за People.
За да обезбеди врвен квалитет на нејзините производи, Вергара соработува со Националната федерација на одгледувачи на кафе, најважната институција за кафе во Колумбија. Според извештајот на Daily Mail, производите на Dios Mio ќе бидат достапни во различни форми, вклучувајќи мелено кафе во кесички и капсули, а ќе бидат достапни за купување на официјалната веб-страница на брендот. Цената на една кесичка кафе од 340 грама ќе биде нешто помала од 14 евра.