Како Порше и Ферари ја поништија историската одлука на Европската унија ?!

Компромисот на институциите на ЕУ за постепено укинување на моторите со внатрешно согорување за нови автомобили и комбиња до 2035 година треба да се промени“, порача Томас Шмит, министер во германската покраина Саксонија и прв човек на Асоцијацијата на автомобилски региони, објави Euractiv.de.

На 14. февруари, Европскиот парламент ја потврди одлуката на својата пленарна седница, но без убедливо мнозинство: 340 пратеници гласаа за, 279 беа против, а 21 беа воздржани. Веднаш почнаа да кружат критички гласови, особено во Германија и Италија, дека утврдениот рок е премногу амбициозен и предвремен. Конечната одлука требаше да ја донесат министрите за животна средина во вторник, но таа беше одложена.

Германската новинарска агенција dpa наведува дека Европската комисија го одложила гласањето под притисок на Германија.

Иницијативата, како што објави dpa, ја покренал министерот за финансии Кристијан Линднер, прв човек на Либералната партија (ФДП), кој на тој начин ги поддржал ставовите на моќната германска автомобилска индустрија, истакнувајќи дека таквите возила ќе бидат исклучок.

За жал, Европската комисија не се потруди да размисли за изземање на моторите што користат еколошко гориво“, посочи тој. Зелените и СПД го прифатија неговиот став, кој беше целосно поддржан од Европската народна партија (ЕПП). Бидејќи Германија и Италија беа на првата линија, некои медиуми објавија дека Порше и Ферари ја поништиле одлуката на Парламентот и Советот. Нив ги поддржа Унгарија, која има голема автомобилска индустрија во која голем удел има германската, како и француско-италијанската компанија Stellantis.

Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг, исто така од ФДП, посочи дека ЕК мора да претстави предлог за тоа како синтетичките, е-горива може да се користат во моторите со внатрешно согорување по 2035 година.

Тие се произведуваат со комбинирање на водород со јаглерод диоксид што може да се добие од атмосферата, тие се сметаат за климатски неутрални доколку енергијата за нивно производство и нивните состојки може да се добие од обновливи извори. Критичарите веруваат дека синтетичките горива треба да се користат само за неизбежни воздушни и поморски патувања, додека нивното користење во голем број возила само би било губење зелена енергија.

Не е прифатливо една земја да се врати на зборот. Германија го одобри договорот“, изјави Паскал Канфин, француски пратеник во Европскиот парламент од партијата на претседателот Емануел Макрон (либералите), пренесува Politico.eu

Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, кажа дека во принцип постои отвореност за нови автомобилски технологии, „но дека таа мора да биде избалансирана и со нашите цели на климатската политика“.