КАКО ПРВИОТ ЧОВЕК НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА ? Сергеј Лавров мораше да ја промени рутата поради Бугарија

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, во текот на ноќта пристигна во Скопје на состанокот на 30. Министерски состанок на ОБСЕ, што се одржува во Македонија.

Должината на рутата на патување на руската делегација беше околу 4.000 километри, а патувањето треаело повеќе од пет часа. Авионот на Сергеј Лавров прелета над Турција и Грција на пат кон Македонија, иако претходно се очекуваше да лета преку Бугарија.

Сергеј Лавров

Како што пренесуваат руските медиуми, бугарската страна одбила да дозволи прелетување на авионот на првиот човек на Министерството за надворешни работи на Русија доколку во него била официјалната претставничка на руското дипломатско одделение Марија Захарова.

Во Скопје се одржува тридневниот 30. состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), на кој ќе учествуваат над 70 делегации со околу 1.000 членови.

Министрите ќе донесат одлуки за понатамошното функционирање на ОБСЕ, а извесно е дека ќе одлучат Малта да ја преземе улогата на претседавач со ОБСЕ за 2024 година.

По повеќе од три децении независност, Македонија за првпат е домаќин на ваков собир, што се смета за голем успех на домашната дипломатија. Подготовките за овој настан траеја цела година, а за време на собирот ќе бидат ангажирани и повеќе полициски служби.