Блинкен во Скопје не се виде ниту со Лавров, ниту со Стево Пендаровски: Зошто Американците му испратија така брутална порака на македонскиот Претседател!?

Вчерашната неколку часовна посета на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен на Скопје може да се анализира преку тоа што го направи и тоа што не го направи. За тоа што го направи веќе пишуваа медиумите и објавивме на порталот Во Центар. За тоа што не го направи, исто така, делумно беше очекувано, а тоа е дека државниот секретар одлучи да не се сретне со рускиот колега, Сергеј Лавров во Скопје. И тоа не е големо изнедување и можеше да се претпостави по одлуката на украинскиот миниетер за надворешни работи да не присуствува на Самитот на ОБСЕ во македонскиот главен град, токму поради пристуството на рускиот министер за надворешни работи.

Но како гром од ведро небо беше одлуката на Блинкен да нема ниту протоколарна средба “од нога” со македонскиот Претседател, Стево Пендаровски. Во минатото македонските претседатели имале “намигнувања”, “средби по тоалети” или средби на невидено со американски претседатели, но никогаш не се случило така брутално Американците да го прескокнат македонскиот шеф на државата, без разлика кој е на таа позиција. Колку и да бил густ распоредот на Блинкен можел барем на пет минути да се слика со Пендаровски, да има со што Стево да им се фали на неговите внуци кога ќе оди во пензија.

Во Скопје Блинкен се сретна со Бујар Османи, како претседавач на ОБСЕ и таа средба тој ја објави на својот твитер профил, а имаше и работна и средба тет-а-тет со македонскиот премиер Димитар Ковачевски. По средбата со Блинкен, а пред средбата со еврокомесарот за надворешна политика, Жосеп Борел, Ковачевски во понеденик го покани лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерска средба. Што ќе рече дека “планот е прифатен”, а каков е планот ќе видиме во понеделник.

Денес имаше уште една или две (можеби уште поважни ) средби. Работна средба на Ковачевски со помошникот државен секретар за Евроазија, Џејмс О’ Брајан, но и работен појадок на О’Брајан со висок(и) македонски функционер(и), а што е разговарано и договарано на тој појадок ќе анализираме во емисијата ( за мембери ) Во Центар во вторник во 22 часот и 30 минути.

Инаку, Џејмс О’Брајан ја презеде својата улога како помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на 5 октомври 2023 година. Амбасадорот О’Брајан беше координатор за санкции во Стејт департментот почнувајќи од април 2022 година. Или беше човекот кој ја составуваше американската црна листа ( на која завршија Никола Груевски, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, Сергеј Самсоненко и други ), но и американската “сива листа”, која функционира по принципот “ти зборам ќерко, сети се снао”!? Или американската “сива листа” е тренинг камп за тие кои се кандидати за црната листа ама уште не им е дојдено времето за тој трансфер!?

Но, што точно Америте му замеруваат на Стево Пендаровски за така брутално среде Скопје да му испратат брутална порака, што се вели да го “третираат” како Сергеј Лавров!? Пендаровски беше ставен “под мраз” пред нешто помалку од две години кога реши да глуми “инсајдер” и “политички аналитичар” и во серија интервјуа да кажува дека уште во ноември 2021 година ЦИА на шефовите на земјите членки на НАТО им испратила топ сиктер информации за плановите на Русија да ја нападне Украина во фебруари 2022 година.

Потоа доаѓа онаа епизода кој преговарал и што преговарал со Никола Груевски, а таа тема повторно како “инсајдер” и “политички аналитичар” во медиумите ја отвори Пендаровски, па мораше Али Ахмети да се појави во неколку интервјуа да се обиде да ја санира штетата од таквиот “наплив на искреност” на Пендаровски. На тоа налетува “на волеј” лидерот на опозицијата и неговата десна рака или десна глава, Мицкоски и Александар Николоски, со приказната за УСБ-ињата на Груевски од Украина, за на крај да закуцаат со постоење на некаков стенограм од средба кај Пендаровски на која се разговарало за Груевски. Тој стенограм бил направен врз база на некаков транскрипт ( снимено или рачно пишувано ) за средба кај шефот на државата на која наводно присуствувале и двајца моќни НАТО амбасадори во Македонија. А наводно прислушкување или снимање на американски амбасадор, а уште помалку заканување со такви работи, е последната работа што треба да си ја помисли било кој политичар во една НАТО држава!?

И на крајот, се добива впечаток, дека Американците го ставиле Пандаровски на списокот “повикај пријател” заедно со ставениот на американската “сива листа”, Зоран Заев и неговиот “коалициски партнер” Христијан Мицкоски. Ако таквиот впечаток не не лаже, тогаш Пандаровски, по завршувањето на претседателскиот мандат ќе може да избере дали ќе сака да има канцеларија на улицата Огњен Прица ( блиску до Бранко Црвенковски ) или во кулите на Џевахир во Скопје ( блиски до Ѓорѓе Иванов ).

Поголем дел од овие работи беа анализирани во емисијата за мембери на Јутуб каналот Vasko Eftov. Целата емисија можете да ја погледате на следниот линк: