Се знае каде ќе стартува Новак во новата сезона! На ваков стадион досега не е одигран тениски натпревар!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе одигра егзибициски меч против Карлос Алкараз на „Ријад сезонски куп“.

Натпреварот е закажан за 27 декември.

Увертирата на ова големо пријателско тениско дерби ќе се одигра ден претходно.

Потоа на терен ќе излезат Арина Сабаленка и Онс Жабер.

Интересноста на овие тениски натпревари е местото каде што се играат. Двата меча треба да се одиграат во „Кралската арена“ во Ријад, објект кој може да прими до 40.000 гледачи.

Организаторите се убедени дека имињата на тенисерите ќе гарантираат спектакл пред полни трибини, бидејќи Саудиска Арабија одамна не била домаќин на ваков голем тениски настан.

Новак од Саудиска Арабија се очекува да замине за Австралија.

Според претходно утврдениот календар, тој ќе ја претставува Србија во Перт на Купот на Јунајтед. Заедно со него ќе играат Олга Даниловиќ, Хамад Меѓедовиќ, Никола Чаќиќ, Наталија Стевановиќ и Дејана Радановиќ.