Како се прави Божиќна погача според стар македонски обичај!? Еве што се става во тестото ако сакате Бог да ве дарува со здравје, среќа и бериќет (фото)

Рано наутро на Божиќ се меси леб, попознат како погача. Според народното верување, се подготвува за да придонесе за среќата и доброто на домаќинството и во погачата се става паричка (на тој што ќе му се падне ќе има среќа и пари цела година), зрно пченица која претставува плодна и бериќетна година , како и гранче од дабова шума за која се верува дека носи здравје и плодност.

Оваа погача има и симболично значење, бидејќи потсетува на ноќта кога мудреците дошле да се поклонат. Марија им понуди леб и оттука и обичајот дека мора да има погача на божиќната трпеза.

Чешница, Божиќ, Косово и Метохија, Ким

Пред ручек, семејството се собира околу масата и колачот се врти 3 пати во круг, а потоа се крши. Според традицијата, сите членови на семејството мора да го изедат својот дел од погачата за да им влезе сила и здравје во домот, а кој ќе најде паричка никогаш не смее да ја фрли или заборави, туку да ја чува на посебно место.

После тоа, семејството се подготвува за ручек. А традиција е да ги посетуваат само најблиските пријатели или роднини за време на божиќните празници.

Еве еден стар традиционален рецепт за Божиќна погача:

Состојки:

  • 1 кг брашно,
  • 2 супени лажици масло
  • сол
  • млака вода

Во погачата не се додава квасец. Во сад се става килограм брашно, се додава масло, се посолува и се налева млака вода, па се замесува тестото да не биде ниту многу меко, ниту тврдо. Добро замесете го тестото, додека на тестото не почнат да се појавуваат меурчиња. Потоа покријте го и оставете го малку да отстои. После тоа обликувајте го како колач и ставете во тестото паричка, едно зрно пченица, гранче дабова шума, едно зрно грав… Додатоците во тестото треба добро да се сокријат.

Во намрсен плех ставете ја погачата, па украсете ја по желба. Постојат различни обичаи кога станува збор за украсување . Можете да го украсите со мали гранчиња или можете да направите декорација така што ќе замесите потврдо, свежо тесто од брашно и вода, ќе го расукате тенко со сукало и ќе направите украси по ваш избор, кои ќе ги ставите со вода и малку шеќер врз бадниковото лепче. По желба направете плетенка од тестото и ставете ја околу погачата. Се пече во рерна загреана на 200 степени, а по 10 минути намалете на 170 степени и печете додека не биде готова.