СОВЕТИ ЗА СОЧНО И ВКУСНО МЕСО НА СИТЕ НАЧИНИ: Направете 1 работа, ќе испадне подобро отколку во ресторан

Различни видови месо бараат различен третман.

Доколку не внимавате колку е загреана рерната и на која температура е поставена, може да се случи месото да остане суво и да не е особено вкусно.

За да биде месото сочно и вкусно, многу е важен начинот на подготовка, како и времето на печење. Најпрво, важно е рерната добро да се загрее. Во спротивно, месото ќе се исуши и нема да биде доволно вкусно.

На пример свинско месо со ребра (1,5 кг) се пече час и половина на 200°C. Толку време е потребно добро да се испече пилешкото, додека пилешките батаци и гради ќе бидат готови за 45 минути на иста температура.

Мисирка од 2,5 кг се пече два ипол часа на 170°C, а ако е полнена час подолго.

Јагнешкото рамо (2,5 кг) или бут (1 кг) се пече час и половина на 200°C, телешкиот стек на иста температура 30 до 40 минути, додека говедското месо (1 кг) ќе биде готов за 40 до 60 минути на 200 °C.