ЗОШТО КУРКУМАТА Е ПОЗНАТА КАКО „ЧУДО НА ПРИРОДАТА“: Еве како влијае на вашето здравје!

Куркумата е еден од најмоќните природни антиинфламаторни агенси

Куркумата е позната по своите лековити својства. Активната медицинска состојка во куркумата се нарекува куркумин.

Во медицината, куркумата е позната уште од античко време како растение кое го зајакнува и храни организмот. Истражувањата покажаа дека куркумата е чудо на природата и дека многу помага во подобрувањето на општото здравје како и во лекувањето на многу здравствени проблеми.

Куркумата е еден од најмоќните природни антиинфламаторни агенси. Помага при бактериски инфекции, одлично средство е во борбата против акутните и хроничните воспаленија во организмот, кои подоцна потенцијално можат да доведат до сериозни здравствени проблеми, како што се болести на срцето, крвните садови, мозокот, малигните заболувања…

Поради неговото антиинфламаторно дејство, како и неговото инхибиторно дејство врз медијаторите вклучени во разградувањето на хондроцитите, куркумата се препорачува за лица со остеоартритис. Редовната употреба ја намалува болката и воспалението во зглобовите и ја подобрува подвижноста.

Куркумата се користи за дигестивни проблеми. Познато е дека малите редовни дози на куркумин во комбинација со црн пипер помагаат при надуеност и губење на енергија после јадење, но и ги зајакнуваат цревните ѕидови и ја намалуваат стомачната болка. Помага и при синдром на нервозно дебело црево, неправилна столица и дијареа. Антиоксидативното дејство на куркумата го спречува оштетувањето на црниот дроб. Помага во намалување на холестеролот, зараснување на рани, помага при контрола на дијабетесот…

Плодот на црниот пипер, кој содржи пиперин, го подобрува варењето на храната и придонесува за одржување на нормалната дигестивна функција. Пиперинот ја зголемува апсорпцијата на куркумата.

Во однос на хранливите вредности, куркумата е богат извор на железо, манган, витамин Б6, влакна и калиум.