Мајка монструм му ја пресече главата на синот! Полицијата наишла на хорор во куќата: Крвта прскала до покрив, пеела додека ја апселе (видео)

Таша Хефс, која е обвинета за убиството на својот шестгодишен син во семејната куќа во Канзас Сити, е способна да и’ се суди, конечна одлука на судот!

Хефс, која има 37 години, беше уапсена на 15 февруари 2022 година и обвинета за обезглавување на нејзиниот син Карвел Стивенс во када. Сепак, случајот досега беше суспендиран бидејќи Хефс беше на неколкумесечно лекување за да може да и’ се суди.

Судијата , исто така, одлучи Хефс да остане во душевна болница додека не се појави на рочиштето закажано за 29 април.

Полицијата која на денот на убиството пристигнала во куќата на обвинетата забележала крв на скалите и на влезната врата. Хефс одби да ја отвори вратата и да ги пушти внатре. Очигледно таа цело време пеела.

Полицајците потоа погледнале низ прозорецот и го виделе телото на детето, по што влегле во домот и без инциденти го привеле Хефс.

Телото на детето било пронајдено во близина на влезната врата од куќата. Хефс имала траги од крв на неа, додека полицијата забележала и два крвави ножеви. Инспекторите подоцна пронашле крвав шрафцигер на трпезариската маса и уште еден крвав нож во подрумот.

Медиумите објавија дека во подрумот било пронајдено и обезглавено куче.

За време на сослушувањето, Хефс признала дека го убила синот во када.