Како технолошките компании го таргетираат здравството?

Оваа истрага не е насочена кон уредите кои ги измисли Силициумската долина, тука за ненадејните промени кои станаа дел од оваа координирана трансформација на нашите здравствени системи

Белешка: „Како големите технолошки компании го таргетираат секторот за здравствена заштита“, ќе биде достапен до 15 мај 2023

Изјава на режисерот

Дејвид Кар Браун

Сакам да раскажам глобална приказна, чии главни играчи се големите мултинационални компании како што се Гугл, Амазон, Фејсбук, Епл и Мајкрософт, кои доминираат со интернетот и начинот на кој го користиме.

За да го внесам гледачот во нивниот универзум, го претставувам „ГАФАМ“ (акроним од првите букви на најголемите технолошки компании) преку сликата што тие ја создаваат за да ни ги продаваат нивните нови технолошки решенија. Во таа смисла, мојата амбиција не е да го претставам нивниот каталог на здравствени апликации и поврзани уреди. Оваа истрага не е насочена кон уредите кои ги измисли Силициумската долина, тука за ненадејните промени кои станаа дел од оваа координирана трансформација на нашите здравствени системи.

Низа соработници (доктори, коментатори, научници итн.) даваат критички поглед на овие големи шеми. Тие ги истакнуваат потенцијалните разлики помеѓу овие големи проекти, со нивните неизвесни, па дури и опасни последици, и секојдневната грижа за пациентите.

Во САД, главниот фокус на мојата истрага е Силициумската долина во Калифорнија. Ова е местото каде што се наоѓа најголемиот дел од централата на ГАФАМ. Универзитетот Стенфорд, кој е дом на повеќето професори и стартапи во областа на медицинската технологија, исто така е во центарот на случувањата. За да се инфилтрирам во центрите за политички и финансиски одлуки на оваа здравствена револуција, морав да водам истрага во Њујорк и во Вашингтон.

Но, овие промени кои се наѕираат во здравствениот сектор не се само работа на веб-гигантите и нивните акционери. Овој документарец има за цел да не потсети дека сите ние, како поединци, сме погодени од овие промени.

Во секоја фаза од ова патување, се обидувам да се фокусирам на тоа што некогаш беше суштината на медицината: односот пациент-лекар, јасно поставен во моментот на пружање здравствена грижа. Тоа е високо реалистична микроскопска студија за човечката состојба во ситуација кога се соочува со болест. Така, мојата истрага се движи од здравствените институции, лекарите, националните администрации и иновативните стартаип, за конечно да дојде до гигантите од Силициумската долина.

Реалните ситуации му даваат ритам на филмот. Можеби се кратки, но ни помагаат да разбереме како овие проблеми со јавното здравје, кои може да изгледаат апстрактни и далечни, се поврзани со секојдневните проблеми и со нашата иднина. trt balkan