Калифорнија и Невада зафатени од силна снежна бура

Снежна бура го зафати западниот дел на Соединетите Американски Држави, односно сојузните држави Калифорнија и Невада, каде илјадници домаќинства останаа без струја.

Калифорнија и Невада исто така беа погодени од дожд и ветрови со брзина поголема од 100 милји на час.

Стотици возачи останаа заглавени на автопатот Интерстејт – 80 меѓу Рено и Сакраменто поради снежната бура и намалената видливост, а властите мораа да затворат повеќе од 160 километри од фреквентниот пат.

Официјални лица изјавија дека има повеќе извештаи за несреќи и возачи кои ја изгубиле контролата над возилото.

Повеќе од 7.000 домови во Калифорнија останаа без струја во текот на викендот.