Камен темелник за автопатската делница Прилеп-Битола на Коридорот 10д (во живо)

 Свеченост по повод поставување камен темелник  за автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д, една од четирите предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. 

На настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, како и Џастин Сиберел, претседател на „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток, Ерик Мајер, вршител на должност на Амбасадата на САД и Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Турција во државава.

Автопатот Прилеп – Битола ќе биде во должина од  39,4 километри, а според првичните пресметки изградбата ќе чини 260 милиони евра.

Со Договорот е предвидена изградба и на автопатските делници Тетово – Гостивар во должина од 17,5 километри, за кој проектираната вреднсот е 125 милиони евра, Гостивар – Букојчани, 30,3 километри, кој ќе чини 560 милиони евра и Требеништа – Струга – Ќафасан, 21,7 километри, со цена од 360 милиони евра.