КАМЕРОН ПРОТИВ ИДЕЈАТА НА МАКРОН: Испраќањето војници на НАТО во Украина е опасна ескалација

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави дека не ја смета за точна идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за можноста за испраќање војници во Украина .

Како што рече, тоа би било опасна ескалација.

„Камерон предупреди на идејата на францускиот претседател Емануел Макрон да размисли за испраќање војници на НАТО во Украина за да учествуваат во борбите доколку Владимир Путин постигне пробив, посочувајќи дека тоа би било опасна ескалација“, ги цитира неговите зборови ТВ Скај њуз.

Да потсетиме, Макрон претходно во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува таа можност доколку руските сили го пробијат фронтот и ако Украина тоа го побара. Макрон тврди дека многу земји се согласиле со пристапот на Франција по ова прашање.

Веднаш следеше одговорот на Москва.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека Камерон заборавил да додаде дека не е неопходно да се испраќаат војници на НАТО во Украина бидејќи „таму нема да остане ништо од нив” .