„Камења паѓаа од планината како куршуми“, вели еден од преживеаните во земјотресот во Тајван

Спасувачите во Тајван работат на спасување на околу 100 луѓе заробени, еден ден откако островот го доживеа најголемиот земјотрес во последните 25 години.

Земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот округ Хуалиен, при што загинаа девет лица, а повеќе од 1.000 беа повредени.

Познато е дека некои од затрупаните во тунелите биле спасени со хеликоптери, но 34 се уште се водат како исчезнати, пишува Би-би-си , пренесува Телеграфи.

„Почна да врне дожд од камења како куршуми од планината, немавме каде да избегаме, сите трчаа кон вреќи со песок за да се покријат“, изјави еден од преживеаните идентификувани со презимето Чу.

Инаку, во Хуалиен, спасувачките напори се уште траат, а работниците користат багери и друга тешка опрема за да урнат дел од оштетените згради.

Исто така, се отстрануваат и големи карпи од патните и железничките линии за да може да продолжи нормалната транспортна услуга. Големи количества камен и чакал се користат и за поддршка на 10-катната структура на Уран, која е навалена од ударот.

По земјотресот, кој се случи на 18 километри јужно од Хуалиен, следеа 200 последователни потреси, од кои десетици беа со јачина од најмалку 6,5 степени според Рихтеровата скала, што предизвика предупредувања за можно цунами.

Додека Тајван има историја на земјотреси, и локалното население и странците кои со години живеат во Тајпеј велат дека ова е најсилниот земјотрес што го доживеале во последните децении.

Последниот голем земјотрес со јачина од 7,6 степени ја погоди земјата во септември 1999 година, при што загинаа 2.400 луѓе и уништија 5.000 згради.