Кампањата за парламентарните избори во Македонија почнува денеска

Во екот на кампањата за претседателските избори денеска и официјално започнува кампањата за парламентарните избори. И двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во следните четири дена, заклучно со денешниот ден, по што на 22 април почнува 48-часовниот молк за претседателските избори.

И покрај молкот за претседателските избори, кампањата за парламентарните избори ќе продолжи и во овие два дена – ситуација која претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски неодамна ја нарече единствена во досегашните изборни циклуси.

Кампањата за парламентарните избори ќе трае до 6 мај, по што ќе започне дводневниот молк пред 8 мај – денот на одржување на парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори.