Канадер и прелета над главата и да ја направи мокра од глава до пети, новинарката на РТЛ известуваше за пожарите во Далмација и за малку ќе завршеше лошо (Видео)

Новинарката на RTL, Ивана Иванда Рожиќ, доживеала непријатна ситуација додека известувала за пожарите во Далмација, кога канадер и прелетал над главата и ја полеал со вода.

На видеото што го сподели данас.хр на социјалните мрежи се гледа како новинарката известува за пожарите што ја зафатија Далмација. Додека во еден момент ситуацијата е стабилна, во друг момент новинарката Рожиќ е целосно мокра.

„Известувањето во итни ситуации понекогаш може да заврши вака“, напиша таа во описот на објавата, која за само неколку часа собра повеќе од 680.000 прегледи.

@danas.hr

Izvještavanje u izvanrednim situacijama ponekad može završiti i ovako 👇 #rtl #danashr #reporteri #izvjestavanje #pozar #hrvatska #fyp

♬ original sound – Danas.hr

Во позадина, на крајот од видеото се слуша гласот на колешката која вели: „Фризурата е трајна“, па многу корисници на социјалните мрежи се смееја и покрај тешката ситуација и можноста да се случат сериозни повреди.

Потсетуваме, неколку пожари во моментов се активни во Далмација, а најтешка и понатаму е во близина на Тучеп, каде пожарникарите трет ден се борат со пожарот. Пожарот го зафати и паркот на природата Биоково и стигна до Подгора. Хрватските медиуми јавуваат и дека ситуацијата е сериозна во Врсине кај Трогир.