Канадските научници открија: Пиењето вино е исто толку корисно како и вежбањето – И ЕВЕ ЗОШТО

Ако се каете што сте испиле уште неколку чаши за време на празниците, немојте, бидејќи научниците од Универзитетот во Алберта во Канада откриле дека една чаша црвено вино има ист ефект врз здравјето како и еден час поминат во теретана.

Истражувањата потврдија дека ресвератролот пронајден во црвеното вино има слични ефекти како и вежбањето кога станува збор за здравствените ефекти.

Ресвератролот ја подобрува физичката издржливост, има корисен ефект врз силата на срцето и мускулите.

Ресвератролот е растителна состојка со антиоксидантна активност, а неговите најважни диететски извори се црвено вино, грозје, одредени бобинки и кикиритки.

Важно е да се нагласи дека ресвератролот е главно концентриран во кожата и семките на грозјето и бобинките.

Ресвератролот може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок. Ресвератролот има позитивен ефект врз липидниот профил.

Како моќен антиоксиданс и антиинфламаторна состојка, ресвератролот покажува ветувачки резултати во заштитата на мозочните клетки од оштетување.

Студиите врз животни покажуваат дека ресвератролот помогнал да се развие подобра чувствителност на инсулин и да се бори со придружните компликации на дијабетесот.

Така, во иднина, луѓето со дијабетес би можеле да имаат корист од земање ресвератрол.

Се покажа дека ресвератролот може да ја намали болката во зглобовите, поради што е ефикасен и за спречување на оштетување на ‘рскавицата.