Кандал се шеташе без градник! Славната манекенка се појави во најсмелото издание до сега! ,,Сè ce гледа” (фото)

Ријалити ѕвездата и моделот Кендал Џенер излезе во едно од нејзините најхрабри изданија досега.

Џенер била на вечера во познатиот италијански ресторан „Giorgio Baldi“ во Санта Моника, а во таа прилика облекла тесен, проѕирен и црн горен дел до рамо, без градник одоздола.

Таа го спои со црно кожено здолниште и се упати на вечера со нејзините пријатели Хејли Бибер и Лори Харви.

Кендал, која неодамна беше уловена од папараците на состанок со ново момче, порториканскиот рапер Бад Бани, ја комплетираше својата впечатлива облека со црни чизми до колена.

Нејзината пријателка Хејли, која е сопруга на пејачот Џастин Бибер, се појави во сив мини фустан и црни сандали, додека 26-годишната Лори избра секси црн фустан со шлиц напред.