КАПИТЕНОТ НА ХРВАТСКА ЗАПЛАЧИ ПРЕД КАМЕРИТЕ! Модриќ целосно СКРШЕН: Го прашаа за ЗБОГУВАЊЕ од репрезентацијата, еве што одговори!

Хрватската репрезентација доживеа голем шок во натпреварот од последното трето коло од групната фаза на Европското првенство во Германија.

Хрватите одиграа нерешено со Италијанците 1:1 и со тоа најверојатно не се пласираа во осминафиналето.

Тие имаа се во свои раце. Водеа од 55. минута со голот на Лука Модриќ, но во 98. минута Закањи со феноменален удар ги шокираше Хрватите.

Разочараниот хрватски капитен Лука Модриќ не можеше да ги контролира емоциите по натпреварот. Застана пред камерите и пушти солзи, беше целосно скршен.

„ Не знам што да кажам… Фудбалот понекогаш е суров, тоа се покажа повторно. Не го заслуживме овој гол, не знам каде најде судијата осум минути за продолжување. Не заслуживме да примиме гол. Фудбалот е суров, тоа се покажа на нас “, изјави расплаканиот ас на Реал за ХРТ.