Пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил ги покани сите фанови на бесплатен концерт наречен „Алфа и омега“.
На 13 август, по 11 години пауза, Карлеуша го издаде албумот „Алфа“ кој привлече големо внимание во јавноста, а само неколку дена подоцна го издаде и албумот „Омега“.
Обожавателите кои со нетрпение ги очекуваа новите песни на Јелена беа воодушевени што пејачката повторно ги помести границите, но за нивна среќа на убавите вести им нема крај.
Имено, Карлеуша се огласи на својот Инстаграм профил и ги покани сите заинтересирани да присуствуваат на нејзиниот концерт кој ќе биде потполно бесплатен.
-Промоција на албумите „Алфа“ и „Омега“ каде премиерно ќе бидат изведени нови песни. Бесплатен влез. Поради ограничениот капацитет на просторот, како и со цел да се обезбеди најдобра можна атмосфера за посетителите на настанот, ќе може да влезат ограничен број луѓе. – напиша Јелена во објавата.