Украинците тврдат дека уништиле руски брод во Црното Море

 – Украинската морнарица уништи руски воен брод во Црното Море, соопшти Министерството за одбрана во Киев.

Шест членови на екипажот загинаа, а двајца се повредени кога украинските сили го погодиле рускиот брод во северозападниот дел на Црното Море, објави украинската морнарица на Телеграм.

Во видеото објавено од украинското Министерство за одбрана, може да се видат луѓе како го растовараат бродот и ги носат работите на брегот. Набргу потоа се случува голема експлозија.

Ваквите украински тврдења засега не се потврдени од независен извор, а не е јасно и кога е снимено видеото, пренесува агенцијата ДПА.