Трагедија на церемонија: Авионот ги прелета гостите, па следеше хорор! Камерата го улови страшниот момент (ВИДЕО)

Страшна трагедија се случи на церемонијата за откривање на полот на бебето на млад пар во Мексико, кога авионот, кој требаше да открие дали мајката чека момче или девојче, се урна пред гостите.

Несреќата се случила вчера во Мексико, а во авионската несреќа животот го загубил пилотот Луис Анхел.

Среќниот пар ја прослави приновата со семејството и пријателите во Синалоа, Мексикои најми мал авион да ги прелета гостите и да фрли розова или сина пудра за да го покаже полот на нивното бебе.

Кога авионот се приближуваше до идните родители, кои стоеја до знакот „Baby”, испушти розов чад од трупот – навестувајќи дека очекуваат ќерка.

Додека гостите навиваа, а родителите славеа и ce бакнуваа, пилотот наеднаш изгубил контрола над леталото, кое потоа паднало недалеку од местото каде што се одржувала забавата.

Пресреќните родители не ни сфатиле дека пилотот е во неволја и се гледаа како добиваат честитки од роднини и пријатели, додека леталото се врти на небото.

Пилотот бил пронајден на местото на несреќата и веднаш бил пренесен во болница, но не можел да се спаси.