Карлеуша откри зошто отвара профил на OnlyFans: Како да најавив снимање на филм за возрасни! (фото)

Јелена Карлеуша, по мали пречки во врска со нејзиниот Инстаграм профил, кој го следат неколку милиони луѓе, објави дека отвора профил на платформата OnlyFans.

Оваа вест одекна како бомба, и веднаш стана водечка тема кога станува збор за балканскиот шоубизнис.

Јелена Карлеуша

Бидејќи веднаш почнаа бројни шпекулации, а имаше и такви кои се надеваа дека на споменатата веб-страница ќе ја видат „на дело“ најпосакуваната пејачка на овие простори, таа сега ги коментираше овие наводи:

– Инстаграм ги заостри правилата и санкционира секоја поексплицитна содржина, дури и фотографии од бикини . Затоа сакам да отворам профил на OnlyFans. Реакциите се како да најавив снимање на по**o филм – кратка беше Јелена Карлеуша.

Јелена Карлеуша неодамна објави дека е во преговори за снимање филм по мотивите на нејзиниот живот.

– Ќе ви кажам една ексклузивна. Во преговори сум да се играм себеси во филмот. Зборувам за тоа многу активно. Јас и еден од нашите многу познати актери би ги добиле главните улоги – изјави Јелена Карлеуша.