Карлеуша се обрати со брутална порака: Бев навредувана, ме нарекуваа безвредна токму најнеупешните! (фото)

Јелена Карлеуша по пауза од повеќе од десет години објави два нови албуми „Алфа“ и „Омега“.

Јелена се осмели да направи нешто што досега никој на Балканот не го направил, па затоа повторно стана мета на бројни коментари.

Една од песните на „Алфа“ е дует со младата пејачка Милица Павловиќ, „Машала“. За да ѝ опише на публиката низ што сẁ поминала, Јелена преку твит откри дека поради нејзиниот линч и омраза ја вклучила оваа песна на својот албум.

– Како сопруга и мајка кои на овие простори 30 години (и сè уште гo прават) најбрутално бев навредувана, омаловажувана по сите основи, ме правеа да изгледам грдо, најчесто малтретирана без милост со објавување на моите голи слики кои беа дело од одмаздниците, ме правеа да изгледам како глупавa и ретардирана, неталентирана иако имам децениска кариера, обожаватели и хитови кои ретко кој пејач може да ги изведе, ме убедуваа дека сум била неуспешна и безвредна, неважна, ми ги напаѓаа децата и семејството – песнава ја напишав од инает! Никогаш не дозволувајте некој да ве понижува и омаловажува, да влијае на вашиот живот и расположение. Погледнете се во огледало и кажете си машала! И убијте ги со насмевка и успех – рече Јелена Карлеуша.

За потсетување, Јелена Карлеуша најави специјален настан на 18 септември, кога пред белградската публика ќе ги испее своите нови песни.

– Промо концерт „Алфа и Омега“, 18 септември 2023 година, ,,Белград на вода” Сите сте поканети, јас честам – напиша таа, а влезот на концертот ќе биде бесплатен.