Картинг, базени, вештачко езеро: Погледнете ја импресивната вила на Нејмар (фото)

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Нејмар, реши да изгради вила во родниот Бразил со сите придружни содржини наменети за уживање.

Нејмар гради цел забавен комплекс во дворот на својата вила. Напаѓачот на Парис Сент Жермен реши да потроши дел од заработените пари за подобрување на имотот.

Во популарната област во близина на Рио де Жанеиро, Мангаратиби, тој почна да гради голем комплекс, кој, фотографиран од воздух, привлече огромно внимание на јавноста.

Има неколку базени, тениски терени, фудбалски игралишта, а по целиот имот има и картинг. Од воздух се гледаат добро направените патеки.

Она што исто така привлече големо внимание е намерата на семејството Нејмар да изгради вештачко езеро од 1.000 квадратни метри. За да се постави езерото, потребно беше да се отстрани каменот, да се пошуми дел од вегетацијата и да се пренасочи реката.

Министерството за животна средина побара прекин на работата на целиот комплекс. Полицијата упадна на имотот и побара работите веднаш да се прекинат, бидејќи ова што се прави не е законски. Таткото на Нејмар, кој го надгледуваше целиот проект, беше уапсен, но ослободен со кауција.