Претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами за Еуроњуз зборуваше за американската црна листа на која се најде и лидерот на Струга Рамиз Мерко.
Касами рече дека Рамиз Мерко е „малата риба“, а јавноста ќе биде шокирана кога ќе излезат и другите имиња.
Касами истакна дека во овој процес на ставање на црна листа треба да биде и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
Според него, ДУИ оди надолу, нејзините функционери само краделе за 20 години власт!