– Многу добар договор за Грција, го карактеризираше, лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, Договорот од Преспа.
Во интервју за грчката телевизија „Антена“, Каселакис се осврна периодот кога на власт беше претходниот претстедател на СИРИЗА, Алексис Ципрас и во однос на решението со Северна Македонија истакна дека „беше многу добар договор за земјата“, а на прашањето дали и тој би го донел договорот, кусо одговори позитивно.
-Можеби веќе знаете, дека господинот Коѕијас не само што ја ужива мојата доверба, туку навистина е еден од моите советници. И претставува пример за тоа како некој управува со преговорите. И тоа не важи само за Преспа, туку и за Кран Монтана за кипарското прашање во 2017 година, рече Каселакис.