Катарина Грујиќ и Огњен Амиџиќ снимија дует: Познатото дуо повторно ги вкрсти гласовите, слушнете го новиот хит (ВИДЕО)

Катарина Грујиќ и Огњен Амиџиќ повторно ги вкрстија гласовите по хитот „Vino po vino – Вино по вино“ кој го отпеаја пред три и пол години!

Популарното дуо сними друга песна, која за првпат беше емитувана во шоуто „Амиџи шоу“.

Песната „Песна за бакшиш“ ја напиша Огњен Амиџиќ, а според многумина ќе биде голем хит!

– Песната е брза и жива, како јас и Огњен, но и повеќето млади луѓе кои сакаат излегување, ноќен живот, музика… Ако го слушнете текстот, ќе видите дека е сериозна и зборува за љубовта, за личност која ви го збунува умот, ја поместува земјата под нозете и после тоа веќе не сте исти. Заради неа пиеш и пееш песна во кафеана, за која даваш огромен бакшиш. Иако изгледа несериозноа но, всушност има порака – вели Катерина.