Катастрофата е близу, наредена е евакуација

Жителите на пацифичкиот остров Нова Британија, кои живеат во близина на вулканот Улавун, денеска се подготвуваат за евакуација.

Вулканот стана активен во понеделникот и почна да исфрла пепел.

Тимови беа испратени во околината на Улавун, на островот Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја, за да ја координираат евакуацијата.

Летовите од аеродромот на островот Хоскинс се откажани.