Кафето е добро за срцето и мозокот, а истражувањата покажаа дека луѓето кои пијат две или три шолји дневно имаат помал ризик од срцеви заболувања, мозочен удар или дијабетес тип 2.
Експертите од Универзитетот Сужоу во Кина користеле податоци од 500.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години.
Тие откриле дека оние кои пијат кафе со умерена количина – две до три шолји дневно – имаат половина помала веројатност да развијат две или повеќе кардиометаболни заболувања отколку оние што не пијат.
Ова се сериозни болести кои можат да се спречат, вклучувајќи срцев удар, мозочен удар, дијабетес тип 2, отпорност на инсулин и заболување на замастен црн дроб.
Студијата, објавена во списанието за клиничка ендокринологија и метаболизам, покажа дека луѓето имаат слични придобивки ако консумираат 200 до 300 mg кофеин дневно од друга храна или пијалоци.
Водечкиот автор на студијата д-р Чаофу Ке рече:
„Нашите наоди нагласуваат дека умерените количини кафе или внес на кофеин може да имаат далекусежни придобивки.
Конзумирањето три шолји дневно може да помогне да се намали ризикот од развој на кардиометаболен мултиморбидитет. Зрната кафе се преполни со полифеноли кои го поттикнуваат здравјето, а претходните студии сугерираат дека пијалокот нуди бројни медицински придобивки.
Истражувањата покажаа дека може да ги заштити срцето и црниот дроб и да го намали ризикот од деменција и некои видови на рак.