Кацарска: Судиите мора да се посветат на зголемување на довербата кај граѓаните

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска зборуваше за состојбите во правосудниот систем. Таа рече дека основната перцепција ја градат самите судии. Колку побрзо судат, толку поквалитетни и професионални одлуки ќе донесат, граѓаните ќе гледаат и довербата би била многу поголема.

Сепак, таа додаде дека имаме ситуација кога некои политичари имаат несмасни и неосновани критики.

„Сите овие заедно доведуваат до оваа ниска доверба во судството. Јас сум судија во Кривичниот суд 34 години и не се сеќавам кога довербата била помала од сега. Судиите мора да се посветат што повеќе на својата работа, вели судијkaта во интервјуто.

Таа додаде дека е задоволна од функционирањето на Уставниот суд, иако тој не бил комплетен со судии.