Кајли Кардашијан ја покажа вилата вредна 36 милиони долари: Еве зошто видеото ги налути фановите! (ВИДЕО)

Кајли Џенер минатиот викенд објави видео на „Тикток“ на кое се гледа како изгледа нејзината вила, но реакциите на фановите беа различни.

Вилата која се наоѓа во елитниот кварт на Лос Анџелес, Хомби Хилс, вреди 36 милиони долари, пишува магазинот Dirt. Се состои од седум спални соби, а на имотот има два апартмани за гости и сместување за службеници.

Вилата е опремена со барови, теретана, домашно кино, базен и соба за игри, но на разочарување на обожавателите, ријалити ѕвездата само покажа како изгледа нејзината дневна соба.

Иако Кајли на почетокот на видеото ги извести фановите дека нема да им ја покаже целата палата, многумина останаа разочарани, а не недостигаа и забавни коментари.

„Девојко, сврти ја камерата“, „Се чувствувам како да сме на FaceTime“, „Само покажи ни ја куќата“, се дел од коментарите на нејзиното видео кое е прегледано повеќе од 20 милиони пати.

Сепак, и покрај кратката турнеја, Кајли откри дека го сака својот локал поради „убавото светло“ и дека има намера да почне да учи да свири пијано летово.