Урнебесна изборна кампања во Србија: Косово е срцето на Бугарија, Македонци и Бугари во центарот на вниманието, се вади спот на Шекеринска против Груевски (Видео)

Бурно почна предизборната кампања во Србија. Пред почетокот на кампањата оставка поднесе директорот на БИА ( Безбедносно информативната агенција ) и поранешен министер за одбрана, Александар Вулин.

Оставката на Вулин по грешка на српската државна телевизија беше објавена со фотографија на претседателот Александар Вучиќ, што разбирливо предизвика лавина на коментари на социјалните мрежи.

Опозициските медиуми и ботови на социјалните мрежи го нападнаа Вучиќ со инсинуации дека неговиот татко има албанско потекло.

Вучиќ тоа го демантираше во неколку интервјуа на националните телевизии, а вчера на инстаграм јавно се појави со својот татко за да ги демантира тие шпекулации.

Во целата таа збрка бот на твитер близик на опозицијата напиша пост – Косово е срцето на Бугарија, идната година се гледаме во Пловдив. И почнаа коментарите, “генијално решение, Мирко за Претседател”, “јас тоа би им го поклонил на Македонците и се во тој стил”.

За на крај Србите да се сетат на изборната кампања од 2008 година, кога Коалицијата Сонце предводена од СДСМ и Радмила Шекеринска водеа кампања во која го повикуваа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на телевизиски дуел со пораката да се плаши од женска сукња. Спотот од таа кампања на СДСМ сега приврзениците на српската опозиција почнаа да го вртат на социјалните мрежи.

Во секој случај кампањата во Србија почна бурно, а што ќе се случи до изборите на 17 декември може само да се претпоставува.