Фудбалерот погоден со нож во глава на едно од најголемите дербија на планетата! (ВИДЕО)

Уќасни вести ни доаѓаат од Колумбија. На едно од најголемите дерби на планетата меѓу Атлетико Национал и Индепендиенте, фудбалер е прободен со нож во глава.

Фудбалерот на Атлетик, Пабло Чепелини, на крајот од мечот требаше да изведе корнер при резултат 2:2, а од трибините излетал нож и го удрил. Чепелилни клекнал, паднал на земја, а ножот прелетал покрај судијката, која имала среќа што не ја погодил.

Неверојатно е што играчот на Атлетико брзо станал од земјата и го продолжил натпреварот, па може да се каже дека имал и среќа.

Ова дерби важи за едно од најголемите на планетата, а Атлетико Национал и стана познат на пошироката јавност кога на чело на овој клуб беше Пабло Ескобар.