Кај се упати Карлсон по интервјуто со Путин!? Се појавија детали, сите се прашуваат дали ќе биде возбуден од ова (ФОТО)

Откако сними интервју со Путин, новинарот Такер Карлсон реши да проба руски чизбургери, помфрит и сок.

Како што пренесуваат руските канали на мрежата Телеграм, Карлсон отишол да ја проба руската верзија на американскиот специјалитет и да оцени која е подобра.

За потсетување, американскиот новинар Такер Карлсон во вторникот го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, објави прес секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков.

„Да, можам да го потврдам тоа“, рече денеска Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали интервјуто на Карлсон со Путин навистина се случило претходниот ден.

Запрашан да зборува за впечатоците на претседателот од разговорот, Песков рече дека самите новинари ќе имаат можност да го оценат кога ќе излезе интервјуто.

Како што е подготвено, ќе биде објавено, а потоа ќе имате можност да формирате свои впечатоци“, рече Песков.