,,Ибрахимовиќ ја слуша и Брена ама јас сум му омилена!” – Нада Топчагиќ за хитот на колешката што го слуша Ибрахимовиќ, а потоа во сè го вмеша и Ѓоковиќ

Пејачката Нада Топчагиќ проговори и го коментираше фубалерот Златан Ибрахимовиќ кој се појави на сцената на фестивалот Санремо со песната на Лепа Брена „Луда за тобом“ .

Имено, на споменатиот пеачки натпревар Италија го избираше својот претставник за Евровизија, а Златан како и пред три години дојде како специјален гостин.

Тогаш Италијанците имаа можност да го слушнат мегахитот „Јутро је“ на Нада Топчагиќ, а Ибрахимовиќ призна дека е голем обожавател на пејачката и дека споменатата песна му е една од омилените песни.

Нада Топчагиќ

Сепак, иако годинава се појави со песна од друг изведувач, Топчагиќ не е разочаран.

– Супер, нека излезе со песната на Брена. Се надевам дека следниот пат ќе излезе со нечија друга. Знаете како, тој сака песни од нашите простори, од нашите уметници, а мојата песна му беше омилена. Така кажа, порасна со песната „Јутро је“. Со таа песна го прослави својот 500-ти гол, јас му бев на роденден… Ама сака и други песни. Кога му бев на роденден многу ме изненади, му се допаѓа на пример песната „Сандале“ од Ана Николиќ, му се допаѓа и Дара Бубамара, Халид Бешлиќ… Слуша сè. Има разновиден музички вкус. Не се чувствувам изневерено, важно е да е песна од нашиве простори. Нека дојде ред некој друг, не само јас – низ смеа рече Нада и откри дека Златан не е единствениот спортист кој е нејзин голем обожавател, а и другите уживаат да ги слушаат нејзините песни.

– Новак Ѓоковиќ одигра оро со мојата песна, ја отпеа и „Јутро је“, многу му се допаднав и на Саво Милошевиќ, кошаркар… Мене многу луѓе, меѓу нив има многу спортисти. Неодамна настапив во Краљево и без никаква помпа и реклама, плоштадот беше полн, беше страшно! Она што најмногу ме воодушеви е тоа што во публиката имаше многу деца а тие можеа да изберат каде да одат.