Кендрик Ламар носеше женски фармерки на Супер Боул: Првично беа наменети за познатата актерка (фото)
Покрај музичкото шоу кое го приреди на Супер Боул, Кендрик Ламар го привлече вниманието и со панталоните кои ги носеше. Овој модел на фармерки брзо стана популарен на социјалните мрежи.
Имено, станува збор за фармерки од брендот Celine по цена од 1.300 долари. Интересно е и тоа што се работи за женски фармерки, а многумина мислат дека одлично му прилегаат на овој рапер.
„Ламар штотуку ги прослави фармерките со ѕвоно”, ,,Тој е доказ дека мажите можат да изгледаат неверојатно во овој крој“, „Ми се допаѓа што модата повеќе не е резервирана исклучиво за жени“, „Каде можам да ги набавам “, се некои од коментарите на Х.
![Фото: Ројтерс](https://static.klix.ba/media/images/vijesti/250212120.1_xl.jpg?v=1739371944)
Раперот носел и јакна Мартин Роуз, маица, кожени ракавици и капа на која бил прикажан дијамантскиот брош на Рахамин од 68.000 долари.
Стилистот Тејлор Мекнил откри дека панталоните првично биле наменети за актерот Тимоти Шаламе. Ламар даде интервју по Суперболот во кое зборуваше за својот успех.
„Продолжувам да го правам она што го правев пред 10 години, а тоа е да се трудам да бидам подобар во работата и да не бидам опседнат со славата. Морам да се гледам себеси во огледало наместо да гледам во други луѓе“, рече меѓу другото.