Кејн би можел да го пропушти последниот натпревар на Баерн сезонава поради проблем со грбот

Поради проблеми со грбот, напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејнм беше заменет во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал Мадрид (1:2) и го пропушти дуелот со Волфсбург во Бундеслигата (2:0).

Според „The ​​Telegraph“, учеството на 30-годишниот фудбалер во последниот натпревар од сезоната (против Хофенхајм) е под знак прашалник. Сепак, Англичанецот ќе може да игра на Евро 2024 година.

Прогнозите се дека Хари Кејн навреме ќе закрепне од повредата за Европското првенство.

Извори блиски до играчот тврдат дека напаѓачот ќе биде „100 проценти подготвен“ за ЕП 2024, ако нема нова повреда.

Европското првенство ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули. Селекцијата на Англија ќе игра во група со Србија, Данска и Словенија