Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн е задоволен од неговите први изданија за германскиот тим.
– Ова е добар почеток за мене. Секогаш по голем трансфер има притисок и очекување во првите неколку натпревари. Сите сакаат да ве видат како започнувате. Многу сум среќен што постигнав четири гола досега. Мислам дека можам да играм подобро и тоа ќе се случи како одминува времето. Имам уште многу простор за подобрување во однос на мојата игра, изјави Кејн.
Англичанецот во летниот преоден рок дојде во Баерн од Тотенхем. Сумата на трансферот изнесуваше 100 милиони евра.
Триесетгодишниот фудбалер има постигнато четири гола на четири натпревари за Баерн во Бундеслигата. Последен фудбалер на баварскиот клуб со ваков ефект беше Мирослав Клосе, кој играше за Баерн од 2007 до 2012 година.