Кејт Мидлтон го направи своето прво појавување како главен полковник на Првата змејска гарда на кралицата, што и беше доделено од кралот Чарлс III во текот на летото, а фотографиите од нејзината посета го обиколија светот.
Кејт го помина денот во Дерехам со членовите на 1-ta змејскa гардa на кралицата, а принцезата целосно влезе во улогата и за време на посетата облече маскирна јакна и кацига и храбро почна да вози тенк.
Инаку, возењето тенк е специјалност на таа единица, чија основна задача е да ја извидува територијата. Оваа единица во минатото се движеше низ целиот свет, а последен пат беше распоредена во Мали како дел од мировната операција.
Покрај возењето со тенкот, Кејт се запознала и со членовите на тимот и дознала за нивната употреба на извидувачки дронови.