Милановиќ за случаите на труење со алкохол во Хрватска: Направија сериозна грешка и ќе платат

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска ги коментираше случаите на труење во оваа земја по конзумирањето на газирани пијалоци Ремеркеле и Кока Кола.

„Мислам дека никој нема да ја пие таа вода за почеток“, рече Милановиќ, истакнувајќи дека производителот ќе ја плати соодветната цена и дека ќе им треба време да се вратат на пазарот.

„Тие изневерија. Знам, тоа му звучи многу благо на оној што настрадал од тоа, но тоа е сериозна грешка и ќе се плати“, додаде тој.

На прашањето дали институциите требало порано да ја информираат јавноста, откако дозна за првиот случај во Риека, Милановиќ рече дека не може да коментира за постапувањето на надлежните органи, но смета дека таквите информации треба веднаш да се споделат со оние кои треба да ja предупредat јавноста.

„Всушност, не знаеме дали сè уште имаaт такви токсични производи во оптек. Тоа е опасно по живот“, рече претседателот на Хрватска.

По инцидентот, одредени газирани пијалоци беа повлечени од полиците на хрватските продавници. Внатрешна истрага е покрената и во австриската Кока Кола, каде што се наоѓа фабриката за флаширање Ромеркеле.

Заради заштита на јавниот здравствен интерес и заштита на здравјето на луѓето, односно постои сомневање дека храната не е безбедна, а согласно Законот за храна во Хрватска, санитарната инспекција привремено им забрани на комерцијалните компании да ги пласираат во промет и им нареди на повлекување на сомнителни производи.