Милица играше и пееше без престан! Нејзините потези ја воодушевија публиката (фото/видео)

Милица Павловиќ, на еден настап предизвика воодушевување со своите заводливи танцови потези.

Милица Павловиќ

Пејачката плени со својата харизма и енергија, а како таква често е предмет на многу шпекулации на социјалните мрежи.

Секој нејзин настап се прераскажува со денови, а овојпат на социјалната платформа „Тикток“ се појави видео каде Милица заводливо танцува како да нема утре.

Видеото стана вирално, а коментарите за нејзиниот изглед и настап не престануваа да доаѓаат:

„Кралица“, „Таа има свој стил….танцува како што треба“, „Таа треба да држи часови по танц“…

Да потсетиме, Милица на големо се подготвува за својот прв солистички концерт во белградска арена по долгогодишна успешна кариера.