Мерлин во Белград го преплавија емоции, си ја отвори душата, па го спомна семејството: „Мораш да живееш со тоа“

Дино Мерлин синојка го одржа својот трет концерт во српската престолнина, а реши да ја отвори душата за публиката додека зборуваше за песната „Skoro će zima“ и го спомна своето семејство.

– Пред три вечери ја имавме премиерата на оваа песна, а тоа е нешто посебно за мене. Тоа се сите мои мали животни драми – изјави Мерлин на публиката.

– Мојот живот, моите искушенија, разочарувања… Мора да живееш со тоа. А од друга страна, што значат песните? Тоа се само белешки, ако не ви се допаѓа и не ви влезе во срцето… – додаде тој.

Инаку, тој особено ја раздвижи публиката во Арената на почетокот на концертот кога испрати силна порака до 15.000 луѓе.

-Веќе немам многу желби, моја желба е моите внуци да растат со вашите деца и да живеат во мир – изјави Мерлин по третата песна.