Хаос на натпреварот Бразил – Аргентина: Брутална тепачка меѓу навивачи на трибините, Меси го извлече тимот од теренот, има и повредени (видео)

Фудбалската репрезентација на Аргентина отпатува за Бразил за да одигра квалификациски натпревар за Светското првенство, што се игра низ Јужна Америка.

Натпреварот, на популарната Маракана, требаше да започне во 01:30 часот по полноќ, по наше време, но низата провокации пред натпреварот, а потоа и масовните инциденти во кои учествуваше и полицијата, го прекинаа овој настан.

На еден дел од трибината каде што се навивачите на Аргентина, најпрвин конфликт започнал еден малолетник, а потоа и масовен конфликт меѓу навивачите на гостинскиот тим и навивачите на Бразил. Тогаш се вклучила и полицијата, која со дополнителна агресија се обидела да ги смири овие немири, што ги навело и останатите да се приклучат на тепачката. Наводно, има и тешко повредени.Бразил - Аргентина

Како протест на овие случувања, фудбалерите на Аргентина предводени од Лионел Меси решија да го напуштат теренот и долго време не се знаеше дали натпреварот ќе започне. Во еден момент размислувале да не го продолжат натпреварот, поради употреба на сила од страна на бразилската полиција, но на крајот одлуката била да се вратат на теренот.

Набргу по враќањето на теренот, настана агресија меѓу играчите, а во еден момент таа беше на работ на физички конфликт.

Судиите и органите на редот успеаја делумно да ја смират атмосферата, како на трибините, така и на теренот, па натпреварот започна со половина час доцнење.